Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МЗ: Целта на новиот закон за тутунски производи е превенција, а не казнување

/

пред 253 дена

Сподели преку :

Новиот предлог-закон за заштита од пушењето е насочен кон превенција на штетните последици и поддршка за откажување од пушењето, а не кон казнување, истакна министерот за здравство Азир Алиу.

Законот предвидува мерки за подигнување на јавната свест и помош за пушачите, без нивна стигматизација.

Со законските одредби се воведуваат обврски за спроведување превентивни програми, советувања и едукативни активности, како и сеопфатна поддршка во процесот на откажување од никотинската зависност, која се третира како медицински и јавно-здравствен проблем.

Истовремено, во законот јасно се дефинирани надлежните инспекции, санкциите за непочитување на одредбите и улогата на локалните власти во неговото спроведување, со цел ефикасна и доследна примена на мерките, се вели во соопштението од здравство..