Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На 77 години почина актерката Ленче Делова

/

пред 231 дена

Сподели преку :

На 77 години почина Ленче Делова,  актерката на Драмски театар , но и телевизиска и филмска актерка, соопштија од теататрот .

Работеше во Драмски театар од 1964 година како актерка –аматер, а од 1970 година се вработи и остана на истата сцена до пензионирањето во 2013 година.

Ленче Делова одигра шеесетина улоги во Драмски, а за ликот на Офелија во претставата „ Хамлет“ ја доби 13-то Октомвриската награда.

Македонскиот театарски фестивал „ Војдан Чернодрински“ ја награди за улогата на Трајанка во „ Ни ќар, ни зијан“, а во 2006 фестивалот и додели награда за животно дело.

Делова оствари забележителни улоги и во над 30 филмови, играни, телевизиски и во тв серии. Меѓу нив се : „ Чук Чук Стојанче“, „ Солунски патрдии“, „ Еурека“, „ Тетовирање“, „ Пред дождот“, „ До балчак“ и др.