Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На британскиот крал Чарлс му е дијагностициран рак

/

пред 992 дена

Сподели преку :

На британскиот крал Чарлс (75) му е дијагностициран рак и поради тоа ќе ги одложи сите јавни настапи, објави Бакингемската палата.

Чарлс, кој беше крунисан во септември во 2022 година по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета, е „позитивен во целост“ во врска со лекувањето и се радува на враќање на јавната должност што поскоро, се додава во дописот.

Чарлс во јануари мина три ноќи во болница, каде беше подложен на корективен зафат поради зголемена простата.

Бакингемската палата соопшти дека за време на престојот во болницата е воочен посебен здравствен проблем кој предизвикува загриженост. Дополнителните дијагностички тестови идентификуваа облик на рак, но не се објавени никакви дополнителни детали за природата на болеста.

Кралскиот извор вели дека не станува збор за рак на простатата.

„Неговото величество денеска започна со распоредување на редовни третмани, а во тоа време докторите му советуваа да ги одложи должностите во јавност“, соопшти Бакингемската палата.

Први пациенти кои добија експериметална терапија против карцином – клиничко испитување во В. Британија