Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На Катлановско Блаце, на местото на хеликоптерската несреќа денеска беа одбележани 18 години од трагедијата во која загинаа 11 офицери и припадници на АРМ

/

пред 274 дена

Сподели преку :

На споменикот на загинатите венци положија министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Хеликоптерот падна кај Блаце додека припадниците на АРМ се враќаа од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

Истрагите кои ги водеше обвинителството утврдија пропусти на загинатите пилоти, но и покрај противењето на роднините за пропустите во армиските редови- никој не беше обвинет или повикан на одговорност.

Во несреќата загинаа потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ и Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељаноски.