Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На клупа во парк во Шуто Оризари оставено бебе старо седум-осум месеци

/

пред 111 дена

Сподели преку :

Скопјанец синоќа околу 19:30 часот во СВР Скопје, пријави дека во парк во  Шуто Оризари на клупа пронашол оставено бебе старо седум – осум месеци.

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, а екипа на Итна медицинска помош бебето го пренела во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што е извршен преглед и утврдено е дека бебето е во добра здравствена состојба без видливи повреди.

По преземени мерки, во Полициското одделение Шуто Оризари на разговор се повикани три лица. Една од нив, 32 годишна скопјанка рекла дека на подрачјето на Центар се сретнала со друга жена која ѝ го дала детето да го причува.

Откако жената не се вратила,  таа со бебето заминала во населбата Шуто Оризари и го оставила  во паркот.

За настанот известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.