Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе одржи седница, на чиј дневен ред е јавната расправа за претставување на кандидатите кои ги исполнуваат условите по Огласот за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието.
На огласот се пријавени седум кандидати – Шпреса Даути, Феузи Џафери, Елвир Исеини, Сабедин Даути, Артим Ислами, Фадил Џелили и Фатмир Емрулау.
Испразнетото место доаѓа по истекот на вториот мандат во декември лани на членот на Судски совет, Селим Адеми.











