Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На МОТ изведен перформансот „Градот како сцена- шетачката“

/

пред 1055 дена

Сподели преку :

Во киното на Железничка зграда, во рамките на фестивалот „Млад отворен театар“ синоќа се одржа првиот чин од триделниот перформанс „Градот како сцена“.

Овој ангажиран проект на „Факултетот за работи што не се учат“ е продолжение на оној со кој настапија годинава на Прашкото квадриенале и го поставува прашањето, кога јавниот простор станува сцена.

Низ мултимедијален израз се раскажуваат приказни за изгубени објекти низ времето поради ставање на личниот, профитерски пред јавниот интерес, а во фокусот се Домот на АРМ, Албанскиот театар за деца и млади, насилството од звукот и Мермерниот комбинат од Прилеп.