Ново истражување на компанијата „Фајзер“ покажува дека вакцинирањето на бремените жени со вакцина против РСВ вирус помогнало да се заштитат нивните новороденчиња од вообичаениот, но страшен респираторен вирус, кој секоја есен ги полни болниците со бебиња и деца заболени од него.
Прелиминарните резултати даваат надеж дека по децении неуспех и фрустрација, вакцините против РСВ можеби конечно ќе бидат усовршени.
Во меѓународната студија која Фајзер ја објави вчера се вели дека вакцинирањето на идните мајки со РСВ вакцина е речиси 82% ефикасно во спречувањето на тешки случаи на РСВ во најранливите први 90 дена од животот на нивните бебиња. На возраст од 6 месеци, вакцината сè уште се покажала 69% ефикасна против сериозни болести – и немало знаци на безбедносни проблеми кај мајките или бебињата.
Д-р Вилијам Шафнер, професор по превентивна медицина на Катедрата за здравствена политика на Медицинскиот факултет на Универзитетот Вандербилт во Нешвил, вели дека оваа стратегија е „да се заштити мајката, но исто така е важно, дел од таа заштита да ја премине плацентата, да го заштити новороденчето во првите неколку месеци од животот пред да почнеме да го вакцинираме новороденчето“.
- Ние користиме нова наука, различна од она што го правевме пред 30 години, се разбира, за да ги развиеме овие нови вакцини. Значи, се мисли и има апсолутно добра причина да се верува дека овие ќе бидат многу безбедни производи, вели д- Шафнер.
Истражувањето за вакцина не е само да ги заштити доенчињата. RSV е опасен и за постарите возрасни лица, а и Pfizer и ривалот GSK (Глаксо Смит Клајн) неодамна објавија дека нивните натпреварувачки вакцини исто така се покажале дека ги заштитуваат страите лица.
Засега, ниту еден од наодите нема да помогне за оваа година да се намали бројот на деца кои ги полнат болниците со овој вирус. Но, се очекува вакцината да е финализирана и готова за масовна употреба наредната есен.
Преземено од AP
А.Ш.











