Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На преминот Mердаре не поминуваат камиони со српски таблици – дозволен е премин само на патнички автомобили

/

пред 1223 дена

Сподели преку :

Утрово на административниот премин Мердаре е оневозможено преминување камиони со српски стоки, како и празни камиони со регистарски таблички издадени од МВР на Република Србија.

Дозволен е премин само за патнички автомобили. Сообраќајот е многу слаб, а ова е најфрекфентниот премин меѓу Косово и централна Србија каде во моментот во близина на селото Мердаре има околу 50 камиони.

Косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свеќља изјави дека тој лично одлучил за забраната, по апсењето на тројца полицајци за кои косовската страна тврди дека биле „киднапирани“ на територијата на Косово, додека српските власти тврдат дека биле приведени на територијата на централна Србија.

На северот на Косово и Метохија, полицијата се уште е во објектите на локалната самоуправа, кои се надгледувани од војници на КФОР. Граѓаните и денеска мирно протестираат околу нив. Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе се сретне со амбасадорите на Германија, Франција и Италија.