Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На скопскиот аеродром царинско куче откри 2 килoграми кокаин кај Бразилски државјанин

/

пред 692 дена

Сподели преку :

На Меѓународниот аеродром Скопје беше спречен обид за криумчарење на два килограми кокаин. Бразилски државјанин, Д.С.А.Д., беше фатен при претрес на два куфери, во еден од кои полицијата пронашла дрогата, скриена во внатрешноста.

Претресот е спроведен од мобилниот тим со царинско куче, во соработка со полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција и Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на СВР Скопје.

Обвинетиот признал дека бил ангажиран од македонски државјанин, кој му понудил 5.000 евра за да го изврши транспортот на дрогата од Сао Паоло до Скопје. Во истрагата се инволвирани уште три лица, а за нив ќе биде поднесена кривична пријава за организирање и вршење на криумчарење на дрога.

Запленетиот кокаин ќе биде процесиран, а истрагата продолжува под надзор на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.