Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors
фото Тони Поповски

Националната опера и балет со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон” во Пловдив

/

пред 1338 дена

Сподели преку :

Во Домот на културата „Борис Христов” во Пловдив, Република Бугарија, вечерва гостуваше Националната опера и балет на Република Северна Македонија со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон”.

На почеток на настанот беше оддадена почит на жртвите на катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Балетската претстава е инспирирана од истоименото сликарско дело на Пабло Пикасо, со либрето и драматургија на Сашо Димоски, музика на Калиопи Букле и кореографија и режија на Олга Панго, а во балетска изведба на првенки и првенци на Македонскиот Балет. Пловдивската публика ги поздрави нашите уметници со долготраен аплауз. Гостувањето е поддржано со финансиски средства на Министерството за култура на Република Бугарија.