Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Национални шуми ги променија годишните планови за сеча по шумските пожари

/

пред 790 дена

Сподели преку :

Промена на годишните планови за сеча планираат од Национални шуми со цел да се намалат штетите од годишните пожари.

Јавното претпријатие ќе направи замена, ќе има сеча околу опожарените подрачја со цел да се расчисти просторот и да се искористи неоштетената дрвна маса која може да се продаде по редовна цена, за сметка на порано планираите сечи кои ќе бидат пролонгорани за некоја друга година.

В.Д. директорот Михаилов вели дека задача на новото раководство е да се спречи манипулација во тој дел, квалитетна дрвна маса да се продава како опожарена по багателни цени.

Михаилов потенцира дека ќе имаат голем предизвик за санирање на штетите од пожарите бидејќи секторот „Уредување“ нема доволно луѓе кои ќе треба да ги вршат работите на терен.

Генералната проценка до почетокот на август е дека загубата само од дрвна маса е околу 26 милиони евра.

Сузана Мицева