Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Националните влади да признаат дека енергијата ќе поскапи поради еколошката транзиција, порачува директорот на француски Тотал Енержи

/

пред 986 дена

Сподели преку :

Националните влади треба да признаат дека преминувањето кон зелени енергетски решенија со ниска содржина на јаглерод ќе ја зголеми цената на енергијата на глобално ниво, изјави за Фајненшл Тајмс Патрик Пујане, извршен директор на францускиот енергетски гигант Тотал Енержи.

„Цениме дека во основа оваа транзиција ќе значи повисока цена на енергијата“, рече Пујане, истакнувајќи дека политичарите би биле нечесни доколку не им ги соопштат овие информации на потрошувачите.

Владите и еколошките активисти беа наивни да веруваат дека одговорот за намалување на емисиите е едноставно намалување на производството на нафта и гас, и покрај тоа што светот сè уште нема подготвени алтернативи за фосилните горива, тврди Пујане.

Француската Тотал енержи со години инсистира дека нејзини приоритети се растот на приходите од нафта и гас, со акцент на ЛНГ и раст на интегрираните енергетски решенија.