Обилните врнежи од дожд во текот на ноќта предизвикаа сериозни штети во Кичево, поради што околу 100 жители беа итно евакуирани од своите домови. Најкритично било на улицата „Прилепска“, каде водата навлегла во повеќе станбени објекти.
Евакуираните граѓани се сместени во спортската сала „Христо Узунов“, каде им се обезбедени храна, вода и основни потреби, со ангажман на Црвениот крст, пожарникарите и надлежните служби.
Поплави се регистрирани и во околината на Кичево, каде се излеале реките Зајашка и Треска, при што е зафатена значителна површина на земјоделско земјиште.











