Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 11.000 слободни места за втор уписен рок во средните училишта

/

пред 106 дена

Сподели преку :

Во вториот уписен рок во средните училишта во земјата се достапни 11.882 слободни места за учениците кои не се запишале во првиот јунски уписен рок, соопшти Министерството за образование и наука.

На првото електронско пријавување, спроведено од 12 до 15 јуни, биле пријавени 15.075 ученици, од кои 13.397 успешно се запишале во средните училишта за учебната 2026/2027 година.

Најголем дел од запишаните се за настава на македонски јазик, додека останатите се распределени во паралелки на албански, турски и српски јазик.

Второто пријавување ќе се одржи на 23 јуни, по што на 24 јуни ќе се доставува документацијата до училиштата, а конечните резултати ќе бидат објавени на 25 јуни.

Во училиштата каде што има поголем број кандидати со исти бодови ќе се организира и квалификациско тестирање на 29 јуни.