Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 2.000 загинати луѓе во серија силни земјотреси во западен Авганистан

/

пред 1091 дена

Сподели преку :

Околу 2.000 луѓе загинаа во неколку силни земјотреси што го погодија западен Авганистан.. Но бројот на повредени е многу поголем, а потрагата по преживеани продолжува.

Најмалку осум земјотреси со интензитет од 4,6 до 6,3 степени, според Рихтеровата скала, се регистрирани од вчера северозападно од авганистанскиот град Херат, што е во близина на границата со Иран. Земјотресите беа на мала длабочина од околу 10 километри.

Силни земјотреси се чести во регионот каде што се спојуваат арапските, индиските и евроазиските плочи. Во минатогодишниот разорен земјотрес во Авганистан загинаа повеќе од 1.000 луѓе.