Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 200 операции проверени, лекарска комора немала поплака дека непотребно се оперирало

/

пред 422 дена

Сподели преку :

Се екипира тричлениот тим европски кардиолози кои влегуваат во итен надзор во приватното здравство, по обвинувањата на Сашко Кедев за профит врз грбот на пациентите. Во стручната комисија влегува словенечки експерт, на кој ќе му се придружат уште двајца доктори од две други држави, за кои сè уште се преговара.

Во итниот надзор нема да има кардиолози од регионот кои често соработуваат со своите македонски колеги, за да се исклучат сите сомнежи за влијанија врз надзорот.

Тимот од странски лекари ќе проверува дали се точни наводите за неоправдани операции во приватното здравство, со единствена цел испумпување на државни пари. Министерот Азир Алиу најави и средба со Кедев, а на приватните болници им порача дека од средината на идниот месец ќе мора задолжително да ги отворат базите на податоци за да може да се следи здравствената патека на сите пациенти.

Прозвана дека не спроведувале редовни, ниту, пак вонредни контроли од лекарската комора велат дека за само 5 години извршиле над двесте вонредни контроли по претставки.

„Од 2020 година досега Комората направила 202 вонредни стручни надзори. Овие надзори се однесува на конкретни случаи за кои пациент, член на семејство или надлежна институција, бараат да се утврди дали при лекувањето биле почитувани протоколите за лекување. Досега немало претставка во која подносителот поставува сомневање дека му е направена непотребна операција“ се вели во соопштените на комората.

Пред два дена, приватната болница Систина на Кедев му се закани со тужба доколку не ја каже установата за која тврди дека има докази за операции заради профит. Тој преку социјалните мрежи само кусо одговори дека тужбата ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство.

Павле Беловски