Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 4,5 милиони Украинци живеат без струја – руските сили се повлекуваат и од Херсон

/

пред 1430 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека спроведува енергетски тероризам. Зеленски оцени дека околу 4,5 милиони луѓе живеат без електрична енергија по руските напади врз електричната мрежа на неговата земја.

Фокусот на руските напади на Украина во последните неколку недели е насочен на ракетни напади и напади со дронови на украинските електрични централи

„Руските напади на нашиот енергетски сектор, нашите енергетски објекти, не запираат ниту еден ден. Кривиј Рих беше нападнат со ирански дронови минатата ноќ. Рускиот терор мора да добие и сигурно евентуално и ќе добие – моќен глобален одговор. Им благодарам на нашите пријатели во САД кои ни помагаат за ова“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

По серијата порази на борбеното поле, во последните неколку недели Русија ги интензивираше нападите против електричната инфраструктура на Украина и во близина на градовите кои се далеку од линијата на фронтот.

Само во текот на минатиот месец, третина од електричните централи во земјата биле уништени. Украинската влада апелираше до своите жители да се обидат што е можно поограничено да ја трошат електричната енергија.

На воено поле, ситуацијата продолжува да се влошува за Русија.

Според информации од повеќе извори, руските единици веќе започнале да се повлекуваат од градот Херсон, во јужниот дел од Украина, кој инаку неодамна беше анексиран од официјална Москва.

Херсон беше под жестоки украински напади и руската војска очигледно се реши наместо да го брани, да ги зацврсти своите одбранбени позиции на другата страна на реката Дњепар.

Воени аналитичари проценуваат дека станува збор за покомплексна руска воена стратегија на засилување на одбранбените линии во јужна и источна Украина, пред доаѓање на зимата.

Никола Илиевски