Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 58 милиони евра приходи од патарина во првите девет месеци од годината

/

пред 341 дена

Сподели преку :

Вкупните приходи од наплата на патарина во првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра), информираат од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Во септември годинава, прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фреквенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава.

Најпрофитабилна е наплатната станица Романовце, а најниски се приходите на Кадрифаково.

Во септември, прометот од патарини по издадени профактури ЕТЦ изнесува 30.870.116, преку веб (онлајн) надополнување 30.888.802 денари. На наплатата преку системот „Отворен Балкан“ во септември отпаѓаат 10.486.530 денари.

Од ЈПДП велат дека електронската наплата достигнала 35 проценти.

Во подготвителна фаза е најавениот проект за надополнување на МТаг и Мкард и, како што велат од ЈПДП, се очекува во блиска иднина да се отпочне преку правни лица малопродажбата на М-ТАГ уредите низ целата држава.