Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 70 родители потпишани на барањата до директорката на „Димо Хаџи Димов“ – бараат гаранции и потврда за хигиената

/

пред 312 дена

Сподели преку :

Родителите кои денес не ги пуштија своите деца да одат на настава во  ОУ „Димо Хаџи Димов“ се потпишаа на предлог барања кои беа доставени до директорката и советот на родители.

Бараат јасен план за кој ќе обезбеди редовен и засилен санитарен надзор, строга контрола, врз операторот кој ја подготвува храната, протокол за хигиена на простории и санитарни јазли и конкретни чекори за спречување на сличен инцидент.

Дополнително родителите бараат и писмена гаранција за безбедност, односно да им се достави официјална изјава по спроведените контроли, потврда дека просториите, кујната и опремата се во целосна согласност со санитарните стандарди и гаранција дека сите ризици по здравјето на децата се елименирани.

Доколку училиштето не ги исполни своите законски должности, го задржуваат правото да ја вклучат општината, МОН, и другите надлежни институции, како и да иницираат постапки доколку наведените информации не бидат обезбедени.

Потсетуваат дека неспроведувањето на законските одредби, претставува сериозен пропуст и повреда на повеќе нормативни акти, за што училиштето сноси управна и материјална одговорност. Не прифаќаат усни ветувања и неофицијални информации.

Т.Д.