Финансиите не се единствениот проблем што ги тераат младите да се иселуваат од државата, туку тука влијае и начинот на животот и владењето на правото, вели младата активистка Јоана Треневска од Младинскиот образовен форум.
Младиот европски амбасадор Иван Дургутов проблемот за невклученоста на млади во државата го лоцира кај власта, но вели дека средношколските и студентските сојузи се можност за поголема вклученост во јавните политики.
Дури осумдесет и четири отсто од младите во Македонија не веруваат дека може да направат промени во општеството. Професорката д-р Сејдефа Џафче вели дека младите минимално учествуваат во сегментот на креирање на јавни политики во државата.
Според податоците од пописот во 2021 година, во рок од 20 години, бројот на млади на возраст од 15 до 29 години е намален за речиси 150.000 граѓани или за 6 отсто помалку од 2002-та година.
Мартин Николовски











