Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нафтата поскапува по новата ескалација во Ормускиот теснец

/

пред 169 дена

Сподели преку :

Цените на нафтата повторно бележат силен раст по инцидентот во Ормуски теснец.

Настанот ја зголеми загриженоста за глобалното снабдување со енергенси и предизвика бурни реакции на пазарите.

На лондонскиот пазар, цената на нафтата од типот „Брент“ порасна за 5,7 проценти и достигна 87,30 долари за барел, додека на американскиот пазар цената се искачи за над 6,2 проценти, на 89,05 долари.

Овој скок доаѓа по падот минатата недела, кога надежите за деескалација привремено ги намалија цените.

Тензиите меѓу Соединети Американски Држави и Иран повторно се зголемуваат, откако претседателот Доналд Трамп изјави дека запленетиот брод бил под санкции.

Меѓувреме, неизвесноста околу најавените преговори во Исламабад дополнително ја засилува нестабилноста на глобалните енергетски пазари.