Вечерва во кино Милениум беше прикажан филмот „Изгубени илузии“. Филмот е екранизација на истоимениот роман на Балзак и е овогодишен добитник на 7 награди Цезар, меѓи кои и Цезар за најдобар филм. Проекцијата на филмот беше во рамките на гала француска филмска вечер, која ја организираше Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Македонија, со поддршка на Зегин, Публицис и Младинскиот културен центар.











