Транзитниот систем НКТС ќе биде недостапен од српска страна поради техничка надградба од вечерва меѓу 21 до 22 часот, објави Царинската управа на Македонија на Фејсбук, по добиеното известување од Царинската управа на Србија.
„Поради тоа најавен е отежнат проток и задржувања на товарните возила на граничните премини кон Република Србија, особено во делот на транзитните постапки, до целосно ставање во функција на новата верзија на системот. Според известувањето, прекинот од српска страна може да трае приближно 6 часа“, се наведува во објавата на македонската Царина на Фејсбук.

Македонската царинската Управа апелира до транспортните компании, шпедитерите и сите учесници во меѓународниот транспорт да имаат разбирање за можните привремени застои на граничните премини кон Србија.
С.Д.











