Ќе се проверува дали има евентуален пропуст во случајот со бебето старо осум дена од Струмица кое пред неколку дена почина на Детската клиника во Скопје. Досегашноте сознанија се дека бременоста на мајката не била следена во континуитет.
Новороденчето на Детска клиника е донесено со тешка сепса и покрај напорите на лекарите и медицинскиот персонал од одделот за интензивна нега, не успеале да му помогнат.
Станува збор за предвремено родено бебе со помала родилна тежина од онаа за возраста. Детето било чувано и во домашни услови, каде членовите на семејството имале вироза.
Од клиниката за детски болести велат дека кај бебиња со компромитиран имунитет раната сепса има висока смртност.
Сузана Мицева











