Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најголема заплeна на дрога во Австралија од 2,7 тони

/

пред 104 дена

Сподели преку :

Австралиската полиција заплени 2,7 тони кокаин што е најголемата заплена досега во земјата .

Дрогата била пронајдена под лажни подови на три контејнери за превоз во Лондондери.

Дрогата, е со проценета улична вредност од  500 милиони евра.Во рамки на акцијата која започна во мај кога беа запленети  40 килограми кокаин, запрен е и брод кој пловел на Соломонските Острови а за кој се сомнева дека е дел од операцијата за шверц.

Уапсени се двајца мажи на возраст од 21 и 25 години, кои  се обиделе да избегаат од полицијата, и на кои им се заканува доживотен затвор ако се докажат обвиненијата за поседување комерцијална количина дрога.

И покрај својата оддалеченост, Австралија е профитабилен пазар за трговија со дрога,  а Австралијците и Новозеланѓаните имаат највисоки стапки на употреба на кокаин во светот.