Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 10 убиени лица, шест повредени – биланс од пукањето во Шведска

/

пред 622 дена

Сподели преку :

Шведската полиција потврди дека најмалку 10 лица се убиени во пукотницата во училиште во Еребро, 200 километри од Стокхолм. Настанот се случил во кампус со повеќе образовни институции. Полициски извори изјавија дека учениците се задржани во затворен простор за време на опасноста.

Како осомнилен сторител е идентификуван 35-годишен маж. Според информациите на шведската телевизија ТВ 4, напаѓачот е мртов, откако си пукал во глава. Полициската акција сè уште е во тек.

„Ова е неверојатно трагичен настан за сите“, рече Роберто Еид Форест, началник на локалната полиција во Еребро.

На прес-конференција тој изрази верување дека е примарниот сторител е идентификуван.

„Но, не исклучуваме можност дека се вклучени повеќе луѓе“, додаде Форест.

Болницата во Еребро објави дека минала на итен начин на работа. Од таму наведоа дека се примени шест пациенти, сите возрасни, од кои пет со прострелни рани, а четири оперирани.

„Две лица се оперирани и стабилни, еден е тешко повреден. Лицето кое не беше подложено на хируршки зафат е полесно повредено“, изјави Јонас Клаесон, директор за здравствени и медицински услуги во регионот.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон на платформата Икс напиша дека денешниот ден е болен за целата земја и оти полицијата ги прави сите неопходни активности.

„Да се биде затворен во училница, со грижи за сопствениот живот, е ноќен кошмар кој никој не треба да го доживее. Владата е во близок контакт со полициската управа и внимателно го следи развојот на ситуацијата“, порача Кристерсон.