Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 118 загинати и над 500 повредени – силен земјотрес во Кина

/

пред 1044 дена

Сподели преку :

Најмалку 118 луѓе загинаа, а над 500 се повредени во земјотресот со јачина од 6,2 степени по Рихтеровата скала кој ноќеска ја погоди руралната, но густо населена, провинција Гансу на северозападот на Кина. Кинеските државни медиуми пренесуваат дека 13 луѓе ги загубиле животите, а 182-ца се повредени и во соседната провинција Чингхај. Според официјални претставници, оштетени се над 5.000 куќи.

Земјотресот предизвика оштетување на патната инфраструктура, а во прекин е снабдувањето со струја и вода. Видеоснимки и фотографии во кинеските државни медиуми покажуваат цели семејства замотани во дебели ќебиња. Властите поставија шатори на плоштадот во тешко погодениот град, каде во текот на ноќта во епицентралното подрачје беа забележани минус 14 степени Целзиусови.

Спасувачки екипи трагаат по преживеани под урнатините, а токму ниските температури претставуваат дополнителен проблем за нивните напори. Првите 72 часа, според официјални лица, важат за „златно време за спасување“, временски период кој во случајот е скратен поради минусните температури.

Властите во Пекинг веднаш интервенираа со издвојување на 28 милиони долари од фондот за помош при природни катастрофи и средствата ги ставија на располагање на провинциите Гансу и Чингхај.

Најсмртоносниот земјотрес во Кина во последните децении беше регистриран во 2008 година, кога провинцијата Сечуан се тресеше со 8 степени според Рихтер, пришто загинаа 70.000 луѓе.

Сашко Димовски