Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 13 загинати во поројни дождови, поплави и лизгање на земјиштето во јужна Кина, десетици исчезнати

/

пред 855 дена

Сподели преку :

Најмалку 13 лица загинаа во обилни дождови, поплави и лизгање на земјиштето во јужна Кина, а десетици се водат како исчезнати.

Метеоролозите за денеска прогнозираат обилни врнежи од дожд во провинциите Гуангси, Џиангси и Жеџијанг.

Локалните власти издадоа предупредувања за зголемен ризик од поплави, особено во северните делови на Гуангкси и Фуџијан, каде има многу реки.

Провинциите веќе претрпеа економска штета од десетици милиони долари.

Додека јужните провинции на Кина доживеаја поројни дождови, северните области околу Пекинг беа погодени од топлотен бран.

Се очекува денеска во одредени области температурите повторно да достигнат до 40 Целзиусови степени.

Како одговор на условите за поплави и суша, кинескиот претседател Си Џинпинг повика да се преземат сите можни мерки за помош на настраданите.