Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 20 загинати во земјотресот во Мјанмар

/

пред 570 дена

Сподели преку :

Најмалку 20 лица загинаа во Мјанмар и три во Тајланд откако два земјотреси од кои еден со јачина од 7,7 и друг со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала и беше почувствуван низ Југоисточна Азија.

Епицентарот се наоѓал на 16 километри северо-западно од градот Сагаинг на длабочина од 10 километри. Властите во Тајланд соопштија дека под урнатините останале заробени над 90 лица, извлечени се седум, а потрага продолжува. Се стравува дека има стотици жртви.

„Ја чекав сметката и одеднаш почнав да чувствувам дека Земјата се тресе. Знаете, мојата прва мисла е дека можеби некој не го чувствува тоа, туку само јас, нешто не е во ред со мене, но сите гледаа наоколу. И ведаш сите излеговме надвор чувствувавме дека ќе потрае некое време“ изјави Зузана Вари-Ковач, Унгарка која живее во Бангкок.

Педесет луѓе се наоѓале во зградата во близина на паркот Чатучак, кој е стотици милји оддалечен од епицентарот на земјотресот.Седуммина избегале, додека 43 други останале заробени, соопшти Националниот институт за итна медицина.

„Да. Значи, јас бев во оваа зграда веднаш зад мене. Тоа беше трговски центар и бев таму за да купам опрема за фотоапарати. И одеднаш целата зграда само почна да се движи. Веднаш се слушна врескање,  имаше голема паника. Прво, почнав да одам мирно, но тогаш зградата навистина почна да се движи. Да многу викање, паника, луѓето трчаа долу“  изјави Фрејзер Мортон, турист.

Погодени се шест држави во северозападниот дел на земјата, има извештаи за уништени патишта, згради и мостови,a воената влада на Мјанмар прогласи вонредна состојба.

Tea Димковска