Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 30 жртви – се судрија патнички авион и воен хеликоптер во САД

/

пред 627 дена

Сподели преку :

Страшна воздухопловна несреќа се случи над небото на Вашингтон, во близина на националниот аеродром „Роналд Реган“ во Вашингтон. Патнички авион на „Американ ерлајнс“ се судри со армиски хеликоптер. Леталото заврши во водите на реката Потомак.

До сега пронајдени се 30-тина тела на загинати, а во авионот за време на несреќата имало 60 патници. Според објавите на медиумите меѓу нив и поранешни светски шампиони во уметничко лизгање, кои се враќале од првенство во Канзас.

  • ПАТ-25(патнички авион), го имате ли на повидок ЦРЈ (патнички авион)?, прашува контролорот на летање од вашингтонскиот аеродром „Роналд Реган“.
  • ПАТ-25 поминува зад ЦРЈ.
  • Дали го виде тоа?
  • Одете наоколу. Одржувајте 3.000. Одете наоколу“.
  • Блек Џек Три, можеш ли да се вратиш во базата? Блек Џек Три, продолжи директно. Треба да слеташ.
  • Треба веднаш да слеташ. Можеш ли да одиш во Далес на неколку минути?
  • Контактирајте со „Далес Аер“.
  • Можете ли да одите во Балтимор?, прашува контролорот на летање од вашингтонскиот аеродром „Роналд Реган“.

Ова се последните насоки кои ги добиле пилотите пред судирот на патничкиот авион со армиски хеликоптер во близина на Вашингтон. На помалку од 30 секунди пред судирот, контролорот на летање го прашува хеликоптерот дали го гледа авионот што пристигнува. Следува уште еден повик по неколку минути- „патничкиот помина зад воениот хеликоптер“, „дали го виде тоа?“. Деталите од овој разговор ќе бидат главен предмет на истрага која треба да ги открие причините за несреќата.

Авион на „Американ ерлајнс“ се судри во воздух со хеликоптер „Блек Хок“ во близина на националниот аеродром „Роналд Реган“ во Вашингтон, по што и двата се урнаа во реката Потомак. Спасувачите од реката веќе извлекоа 30 безживотни тела, но точниот број на жртви не се знае бидејќи спасувачките екипи се уште трагаат по преживеаните.

Авионот доаѓал од Вичита, Канзас и превезувал 60 патници и четворица членови на екипажот. Во хеликоптерот биле тројца војници, кои полетале од базата „Форт Белвоар“ во Вирџинија.

  • „Во 20:48, добивме предупредување од кулата на ФАА за авионски инцидент во кој учествуваа комерцијален авион и хеликоптер. Нашите единици веднаш реагираа и распоредија три чамци и веднаш повикаа ресурси за заемна помош. Повторно, како што рече началникот Донели, ова е активна операција која ќе трае многу часови додека продолжуваме да работиме преку напорите за опоравување и спасувачките операции додека”, објасни Ричард Бонет од Управа на аеродроми во Вашингтон.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека бил „целосно информиран за страшната несреќа“ се огласил и на својата социјална платформа „Трут соушл“, велејќи дека требало да се спречи да дојде до судир меѓу хеликоптерот на американската армија и патничкиот авион.

„Зошто контролната кула не му кажала на хеликоптерот што да прави наместо да прашува дали го виделе авионот? Ова е лоша ситуација која изгледа дека требало да се спречи. Не е добро“, напиша Трамп на својата платформа.

Билјана Ставрова