Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 27 палестинци – цивили убиени од Израелските сили во близина на пункт за хуманитарна помош во Газа

/

пред 502 дена

Сподели преку :

Најмалку 27 Палестинци се убиени а повеќе десетици ранети од израелските сили, во близина на пункт за дистрибуција на хуманитарна помош во Газа.

Армијата на еврејската држава отворила оган кон цивилите со тенкови, дронови и хеликоптери, потврдија локалните власти.

Ова е трет ваков инцидент во последните три дена.

Израелските одбранбени сили се правдаат дека тие отвориле оган кон неколку сомнителни лица кои се движеле надвор од однапред определената патека за движење на цивилите.

Ваквата верзија на настанот е целосно контрадикторна со тоа што повеќе десетици сведоци, претставници на невладини организации и здравствените служби го соопштија.

Речиси секојдневните убиства на палестински цивили се случуваат откако хуманитарна фондација која е поддржана од Израел и нивниот најверен сојузник, Соединетите американски држави, воспостави пунктови за дистрибуција на хуманитарна помош во рамките на Израелските воени зони. Ваквиот систем се објаснува како начин да се заобиколи Хамас.

Обединетите Нации жестоко го критикуваа овој систем, тврдејќи дека со него не се намалува проблемот со се поголемата хуманитарна криза во Газа а на Израел му се овозможува да го користи и доделувањето на помошта како оружје.