Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 9 загинати при ненамерна детонација на запленет експлозив во Кашмир

/

пред 333 дена

Сподели преку :

Бројот на загинати во синоќешната експлозија во полициска станица во индиски дел на Кашмир се искачи на девет, а 32 се повредени. Инцидентот се случил по детонацијата на конфискувани експлозиви складирани во полициската станица.

Локалната полиција соопшти дека експлозијата во полициската станица во градот Срингар е несреќен случај и ја исклучи можноста за напад. Несреќата се случи додека полицајци и форензичари го испитувале експлозивот.

Инцидентот се случи четири дена по смртоносната експлозија на автомобил-бомба во Њу Делхи, при што загинаа најмалку осум лица. Индиските власти нападот го класифицираа како терористички чин.