Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку двајца загинати и 15 повредени – нов масовен руски воздушен удар врз Киев

/

пред 465 дена

Сподели преку :

Пожари и оштетувања, разурнати домови, уништени животи. Киев ноќеска беше мета на вториот по обем руски воздушен удар во изминатите седум дена, еден од најголемите од почетокот на инвазијата во февруари во 2022 година. Над 400 беспилотни летала и 18 балистички ракети беа лансирани кон мети во украинската престолнина, но и во градови во близина на линијата на фронтот. Најмалку две лица загинаа, а над 15 се повредени во најновиот бран на руски напади.

Зуењето на дроновите и силни експлозии во Киев почнаа да се слушаат по еден часот по полноќ и траеја, речиси, цел час без пауза. Се огласија сирените, дејствуваше противвоздушната одбрана, а граѓаните се упатија кон засолништа и метро станици, каде ја минаа ноќта. Изразот на лицата и бојата на гласот ги оддава нивниот замор, но и страв за сопствените животи и неизвесноста што ја носи иднината.

„Последните месец и половина постојано ми недостига сон, бидејќи нападите станаа многу почести и поактивни. Нападите со беспилотни летала пред една година беа едно, а сега се сосема друго. Навистина го чувствуваме заморот. Ова се одразува преку фактот дека слабо спијам, слабо се опоравувам. Всушност, повеќе не се опоравувам, само некако работам на резервна енергија, која ми остана малку. Само некако живеам и постојам“, вели Алина Калина, 32-годишна жителка на Киев.

„По ваков шок, кога сега од сопствено искуство знам какво е да изгубите сè, стан, работи, некој го загубил животот, разбирате дека сè било во таа куќа. Не можам да кажам што ќе се случи следно. Ова е вистински шок. Едноставно трпите сè. Сега имам само ранец, телефон, зимско палто и тоа е тоа. Ова е целиот мој живот сега“, изјави Карина Холф, 23-годишна жителка на Киев.

Паралелно со воздушните удари, светските агенции пренесуваат дека Русија започнала со пробивање на точки на линијата на фронтот што Украина ја брани со ограничени и под голем притисок. Американскиот претседател Доналд Трамп изрази „незадоволство“ од неговиот руски колега Владимир Путин по нивниот последен телефонски разговор.

Ден по најавата за прекин на испораките на критично оружје во Украина, тој порача дека САД ќе мора да продолжат со пратките. Во последната се или ќе бидат вклучени оружје и муниција со калибар од 155 милиметри и наведувачки ракети, но дДетали, сепак, не беа објавени.

Сашко Димовски