Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку двајца загинати во пад на хеликоптер кој превезувал смена во рудник за злато во Русија

/

пред 954 дена

Сподели преку :

Најмалку две лица загина, а две се тешко повредени во пад на хеликоптер Ми-8 во областа Магадан на далечниот руски исток, соопшти државната агенција за воздушен сообраќај.

Според прелиминарните податоци, леталото превезувало 20 луѓе, ротациони работници во рудник за злато. Несреќата се случила при тешко слетување на хеликоптер на 75 километри од Евенск поради дефект на моторот.

Спасувачките операции се во тек, но поради лошите временски услови засега е непозната судбината на останатите патници во хеликоптерот.