Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку осум лица избодени со нож, уапсен тинејџер – хорор за време на час по танц и јога во Англија

/

пред 814 дена

Сподели преку :

Најмалку осум лица се избодени со нож во англискиот град Саутпорт, а меѓу повредените се и деца. Нападот се случил во двор на детски клуб, каде се одржувал час по танц и јога. Напаѓачот бил веднаш уапсен и кај него е пронајден нож.

Полицијата соопшти дека добила повик околу пладне. Дел од повредените се превезени во детска болница.

Сопственик на сервис во улицата во која се случил нападот и кој прв ја повикал полицијата, пред медиумите раскажа дека глетката била како во хорор филмовите. Според него, мета на нападот биле девојчиња.

Сведоци изјавија дека децата биле избодени насекаде по телата. Жртвите, според нив, биле на возраст од околу 10 години.