Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку осум луѓе загинаа обидувајќи се нелегално да го поминат Ла Манш

/

пред 766 дена

Сподели преку :

Осум луѓе загинаа синоќа додека се обидувале да го поминат каналот Ла Манш од Франција во Англија, соопшти француската полиција.

Спасувачките служби биле алармирани откако гумениот чамец со 50 луѓе почнал да тоне северно од Булоњ-сур-мер во Па-де-Кале.

Несреќата се случи за помалку од две недели откако 12 лица, меѓу кои шест деца и една трудница, загинаа кога потона брод со десетици мигранти. Во несреќата на 3 септември годинава загинаа најмногу луѓе на Ла Манш.

Во изминатите два дена зголемен е бројот на обиди за преминување на каналот поради мирното време. Француските поморски власти објавија дека во петокот и саботата за 24 часа биле спасени 200 луѓе.