Украинската војска ги повлече акредитациите на неколку западни новинари, по нивното известување од неодамна заземената област Херсон, соопштија денеска официјални лица.
„Некои претставници на медиумите ги игнорираа постоечките забрани и предупредувања и почнаа да известуваат од Херсон, без согласност на воените команданти и релевантните сектори за односи со јавноста, дури и пред да бидат завршени мерките за стабилизација“, објави главниот штаб на Фејсбук, објаснувајќи ја мерката.
Според извештаите на медиумите, најмалку шест дописници на „Си-Ен-Ен“ и „Скај њуз“ ја загубиле акредитацијата.
Според украинскиот медиумски портал „Detector.media“, на двајца новинари од украинскиот интернет канал „Hromadske“ им биле одземени и воените ингеренции поради известување од Херсон.
Руската армија кон крајот на минатата недела се повлече од северозападниот дел на регионот Херсон, вклучувајќи го и регионалниот главен град. Украинската војска, заради претпазливост, полека навлегува во тие области.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека една од најважните итни мерки е деминирање на Херсон и околните области.











