21 израелски војници загинаа во еден напад во Газа, соопшти министерството за одбрана. Заедно со други тројца загинати војници во борбите низ Газа, вчерашниот ден беше најкрвав за израелската армија од почетокот на нејзината копнена офанзива во појасот. Според информациите кои ги објави израелската армија, војниците поставувале експлозиви за уривање на две згради во централна Газа, кога тенкот кој им служел како оклопна поддршка бил погоден од ракетен фрлач.
- „Според тоа што го знаеме во овој момент, околу 16 часот ракета од рекатен фрлач, испалена од терористите го погодила тенкот кој ги обезбедувал војниците, и во исто време одекнала и експлозија во двете двокатни згради. Како резултат на експлозијата зградите се урнале, додека најголем дел од војниците сѐ уште биле внатре во нив“, изјави Даниел Хагари – Портпарол на ИДФ.
Во меѓувреме, меѓународната коалиција предводена од САД и Обединетото Кралство извршни нова серија напади врз Хутите во Јемен, како одговор на постојаните напади на бунтовниците врз трговските бродови во Црвеното море. Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, изјави дека САД и Обединетото Кралство сакаат да испратат јасна порака до Хутите, дека нивните зборови ќе бидат поткрепени со дејствија.
- „Ексалацијата беше предивикана од Хутите кои извршија 26 напади од 19 ноември. Сосема неселективно напаѓаат бродови под знамиња на различни држави низ светот, во основа, загрозувајќи ја слободата на навигација. Убеден сум дека нападите кои ги извршивме пред 10 денови имаа како ефект намалување на способностите на Хутите да го прават тоа, и да го искористат ограниченита залиха на софистицирани оружја кои ја имаат. Сигурен сум дека нападите од синоќа ќе им остават дополнителен впечаток, во исто време испраќајки ја нај јасната порака дека нивните постапки се неприфатливи“, рече Дејвид Камерон – Министер за надворешни работи на Обединетото Кралство.
Според информациите кои ги објави Пентагон, мета на заедничките воздушни напади биле вкупно 8 позиции на Хутите во Јемен, меѓу кои и подземно складиште за ракети. Хутите од своја страна соопштија дека ракетите погодиле празни нивни и поранешни армиски кампови, и порачаа дека овие напади нема да останат неодговорени.
Игор Трајков











