Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Намали ги нападите врз Либан – Трамп со барање до Нетанјаху

/

пред 180 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп наводно побарал од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го намали интензитетот на напади врз Либан, со цел да се спречи колапс во преговорите меѓу САД и Иран.

Барањето е упатено за време на телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери претпладнево, набрзо по пораката на Нетанјаху дека ќе продолжи со напади врз Либан, пишува „Ен-Би-Си њуз“, повикувајќи се на висок претставник во администрацијата на САД.

Потпретседателот на САД, Џеј ди Венс вчера истакна дека Израел се согласил „да се воздржи“ во однос на Либан за да помогне во преговорите со Иран.

Вчера, сепак, беше регистрирана најинтензивното израелско бомбардирање врз Либан од почетокот на војната со Иран, што не беше знак дека Израел се согласил на воздржаност.