Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Напад со нож и ножици во гимназија во Вупертал – најмалку четири повредени деца

/

пред 975 дена

Сподели преку :

Најмалку четири деца се повредени во напад во училиште во Вупертал, кога малолетник упаднал со нож и почнал да боде ученици. Нападот се случил претпладнево во 09:50 часот во гимназијата Вилхелм-Дерпфелд и засега не е познато дали напаѓачот бил ученик во училиштето.

Напаѓачот бил совладан на четвртиот спрат околу 10:20 часот. Пронајден е како седи во локва крв. Според зборови на професорите кои се наоѓале во зградата, напаѓачот користел нож и ножици.

Учениците најпрво се забарикадирале во училниците, а училиштето подоцна било евакуирано. Засега се нејасни мотивите за нападот, како и степен на повреди кај дел од учениците.