Најмалку 87 лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени во израелски напади во градот Беит Лахиа во северниот дел на Газа, соопштија властите на појасот, управувани од Хамас.
Загинаа најмалку седум лица откако во Израел погоди училиште во кое беа сместени раселените лица во бегалски камп западно од градот Газа. Училиштето е предводено агенцијата на ОН за палестински бегалци.
- „Многу деца беа повредени, многу делови од тела, многу маченици и многу ранети. Што е ова? Има клиника и има деца. Оваа клиника зафаќа површина од 3 километри. Ова е локација на клиника и таму има раселени луѓе. Ова е забрането, ова е неправда“ изјави Башир Хадад, раселено лице во градот Газа.
Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Тел Авив, барајќи од премиерот Бенјамин Нетанјаху да потпише договор за ослободување на израелските заложници кои сè уште се држат во Газа.
- „Има 101 заложник, израелски заложници, заробени во рацете на Хамас и мораме да ги ослободиме. Значи, го имаме Синвар наводно мртов, и го имаме овој напад и што се случи. Сакам да ги ослободам заложниците. Има договор за ослободување на заложниците, тој е на маса од 7 октомври минатата година. Нетанјаху треба да го потпише овој договор, а потоа остатокот ќе си дојде на своето место. Но, договорот за ослободување на заложниците, кој постои, треба да биде потпишан денес“ изјави Гал Сне, демонстрант на протестот.
Во меѓувреме Израел во Либан продолжи со воздушните напади врз цели на Хезболах во јужните предградија на Бејрут, при што на жителите во Харет Хреик и Хадат им беше наредено да се евакуираат.
Израелската војска соопшти дека биле идентификувани околу 70 проектили од Либан во Израел.
Во израелските напади загинаа повеќе од 50 луѓе, вклучувајќи и деца, за помалку од 24 часа, според властите во Појасот Газа.
Израел и Хамас сигнализираа отпор за ставање крај на војната во Газа по убиството на водачот Јахја Синвар. Околу 100 заложници остануваат се уште во Газа, од кои најмалку 30 се мртви тврдат израелските власти.
Tea Димковска











