Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Напорно утро за пожарникарите: Активни се пожарите во Јасен, Лојане и Студеничани

/

пред 430 дена

Сподели преку :

Напорно утро за пожарникaрите. Се гасне и од земја и од воздух на три локации. Пожарот на непристапниот терен во резерватот Јасен продолжува да ја опустошува мешаната шума.

Со денови гори и кај селото Лојане, Липковско, а активен е пожарот и во општина Студеничани.

Под контрола е огнот во Јажинце, кој во неколку наврати го блокираше и регионалниот пат. Четири пожари од утрво се изгаснати. Противпожарните служби се во комуникација и со метереолозите кои со денови најауваат пороен дожд.