Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Народна банка: каматната стапка останува иста

/

пред 385 дена

Сподели преку :

Каматната стапка на благајнички записи останува на истото ниво од 5,35 проценти, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на седум дена се задржуваат на нивоата од 3,95 проценти и 4 проценти.

Непроменета останува и понудата на благајничките записи на редовната аукција односно ќе изнесува 10 милијарди денари. Ваква одлука донел извршниот одбор за монетарна политика на народната банка на вчерашната седница.

  • „Со ваквата одлука се задржува внимателниот пристап при водењето на монетарната политика, во согласност со економските услови и ризиците коишто произлегуваат од домашното и надворешното окружување. Овој пристап на монетарната политика е поддржан и со неодамнешните промени кај задолжителната резерва, затегнувањето на  макропрудентните мерки во делот на критериумите на кредитната побарувачка, како и со зголемувањето на против цикличниот заштитен слој на капиталот за дополнителни 0,25 процентни поени. Комбинацијата на овие мерки е насочена кон одржување на ценовната стабилност на среден рок и стабилноста на девизниот курс, како и кон заштита од можни идни системски ризици“, се вели во денешната информација од Народната банка.

Во однос на инфлацијата во август, Народната банка оценува дека таа се уште е над проектираното ниво и дека и понатаму е потребна внимателност.