Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Народниот правобранител ќе го испитува случајот со бебето болно од туберколоза кое почина на детска клиника

/

пред 1325 дена

Сподели преку :

Народниот правобранител формирал предмет по сопствена иницијатива, за да се испитаат сите околности на слочајот со бебето кое во тешка здравствена состојба беше донесено на Клиниката за детски болести заразено од туберколоза, кое почина откако дополнително му се влоши состојбата.

Омбудсманот ќе бара одговори почнувајќи од грижата и негата за бебето, па сѐ до делувањето на социјалните служби.

Претходно таткото негираше дека неговото бебе, кое беше донесено во болница со само три килограми тежина било запоставено и неухрането, како што првично се пишуваше во јавноста, туку дека било предвреме родено.

Проверки направиле и социјалните служби во Куманово и констатирале дека нема пропусти во негата и грижата за бебето.

Во моментов мајката која исто така е заболена од туберколоза е хоспитализирана, а позитивни на болеста се и таткото и одтанатите деца но тие за сега немаат симптоми.

И покрај фактот што речиси сите во државата се вакцинирани против оваа болест, туберкулоза има повремено во Македонија.

Минатата година имало двајца пациенти на детската клиника, кои биле препратени во Козле и успешно излекувани.

Почина бебето со туберкулоза, семејството со потпис ја напуштило болницата