Законите важат подеднакво за сите, Антикорупциската комисија е надлежна за спречување на судир на интереси, а нашите одлуки не се мешање во работата на судската власт. Ова се дел од пораките од Антикорупциската комисија по вчерашната седница на Судскиот совет на која не беа прифатнеи нивните укажувања да ги повлечат своте членови од управниот одбор во Академијата за судии и јавни обивнители.
Од Антикорупциска го повторија ставот дека не е во согласност со законот за спречување на корупцијата и судир на интереси тоа што членови на двата совети се и членови на управниот одбор на академијата. Членовите на судскиот совет и советот на јавните обвинители кои се од редот на обвинителите и судиите, се избрани да ја вршат функцијата член на совет професионално и за времетраењето на нивниот мандат, како членови на советот, не ја извршуваат функцијата судија, односно јавен обвинител, туку истата им мирува.
Истовремено, според законот за академијата за судии и јавни обвинители, е јасно пропишано дека советите назначуваат по двајца членови од редот на судиите, односно од редот на јавните обвинители, а не од сопствените редови, велат од антикорупциската комисија.











