Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Наставник и пет ученици меѓу загинатите во нападот во Канада

/

пред 241 дена

Сподели преку :

Испливуваат се повеќе детали околу нападот во средното училиште во Тамблер Риџ во Канада, во кој според последните податоци загинаа 10 лица, a осомничениот е пронајден мртов во училиштето.

Меѓу загинатите се еден наставник (39) и пет ученици: три девојчиња (12 години) и две момчиња (12 и 13 години),  едно тело е пронајдено на скалите, додека другите тела се пронајдени во училишната библиотека, рече Мекдоналд, пренесува CBS News.

Тој потврди дека мајката, братот и сестрата на осомничениот биле убиени во семејната куќа пред нападот во училиштето.

Телата биле откриени околу 14:45 часот, откако соседот ја повикал полицијата.

Полицијата соопшти дека трансродовото лице осомничено за нападот е Ван Рутселар која неколку пати во претходните години одело на интервенции поради проблеми со менталното здравје.

Според Мекдоналд, осомничената е идентификувана како жена, а е родена како маж.

Таа започнала со транзиција пред шест години, а го напуштила училиштето пред четири години.

Во училиштето, полицајците пронашле долга пушка и модифициран пиштол, кои не биле регистрирани на име на Ван Рутселар, а нејзината дозвола истекувала во 2024 година.

Тој рече дека полицијата сè уште не открила мотив, ниту пак е пронајдена порака од напаѓачот.

Во нападот се повредени и 25 лица, од кои неколку се во критична состојба.