Околу 20.000 војници од 13 земји, од денеска на полноќ земаат учество во голема вежба на крајниот север на Европа за да се одбранат од хипотетички напад на територија на членка на НАТО.
Околу 1.500 мажи и жени од германските вооружени сили учествуваат во маневрите со име „Нордиски одговор 2024“, вклучително и 700 членови на планинските сили, соопшти Бундесверот во норвешкиот град Алта на далечниот север на Норвешка.
Како што информира норвешката војска, вклучени се и Финска и Шведска, кои се приклучија на Алијансата по рускиот напад на Украина. Според предвиденото сценарио, војниците треба да извршат контранапад од областа Алта за да заземат области на југ кои веќе се окупирани од непријателот.
Земјите на НАТО распоредуваат широк опсег на вооружени системи за вежбата, вклучувајќи 100 авиони и поморски сили со фрегати и подморници.











