Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

НАТО подготвува милијарди долари дополнителна помош за Украина

/

пред 598 дена

Сподели преку :

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте најави дека членките на алијансата ги зголемуваат инвестициите во одбраната и подготвуваат дополнителна финансиска помош за Украина. Неговите изјави следуваат по вчерашниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Одличен разговор со Доналд Трамп. САД и НАТО стануваат посилни. Сојузниците на НАТО забрзано ги зголемуваат инвестициите во одбраната. Најавени се големи зголемувања, а следуваат уште повеќе“, напиша Руте во објавата на социјалната мрежа Икс.

Тој, исто така, нагласи дека НАТО продолжува да дава поддршка за Украина, додавајќи дека „сојузниците подготвуваат милијарди долари дополнителна помош и придонеси за безбедносните гаранции за Украина“.

Изјавите на Руте укажуваат на координирани напори на членките на НАТО за зајакнување на колективната одбрана и одржување на воената помош за Украина додека трае војната со Русија. Руте претходно изјави дека Европа е подготвена да преземе водечка улога во обезбедувањето безбедносни гаранции за Украина.