Тим научници работи на можна нова вакцина за справување со сој на Хантавирусот. Иако во моментов не постои лек или вакцина, Светската здравствена организација вели дека раното откривање и лекување ги подобруваат стапките на преживување.
Ова доаѓа во време кога патниците од крузерот погоден од епидемија на Хантавирус предизвикана од сојот на Хантавирусот од андите се вратени во своите домови низ целиот свет.
- Тоа е сосема нов антиген и сега е тестиран во лабораторија, а го тестиравме и на повеќе животински модели, покажува многу добра имуногеност против болестите предизвикани од хантан и се надеваме дека ова ќе биде добар антиген што ќе се користи за производство на идна вакцина против вирусот хантан, вели Д-р Асел Сартбаева, хемичар, од Универзитет во Бат.











